Откако е во врска со многу помладиот танчер, Jennifer Lopez како да подзаборавила дека папараците насекаде ја следат и би требало малку повеќе да обрне внимание на својот секојдневен изглед и стајлинг. Кога таа е во прашање, секоја грешка ѝ се зема за зло.
Досега секогаш сме ја гледале во провокативни и секси изданија, но ова што сега било фатено на слика е по малку изненадувачки и невообичаено за латино дивата. Всушност, сите нејзини фанови биле прилично изненадени.
На прошетка низ Санта Моника излегла во удобни, црни хеланки и патики, а малку гламур во својот изглед додала со крзнениот елек, големите очила и обетки. Како вам ви се допаѓа ова издание на J Lo?

