ШоуБиз

J Lo во новиот спот ќе ја игра маж – каскадер :)

Режсерите на новиот спот на пејачката Jennifer Lopez најмиле еден дечко за да ја одглуми неа и сними неколку опасни сцени.

Кога ќе го погледнете новиот спот на пејачката, обрнете внимание, бидејќи неколку од сцените во видеото ги игра маж. J Lo се наоѓа во Мексико и таму го снима најновиот спот за песната „Follow the Leader“. Првите слики од снимањето ја покажуваат пејачката во ниски, кожни панталони и неколку интересни детаљи…

Поради опасните сцени во видеото, режисерите и сценаристите решиле да најмат каскадер да ги изведе ризичните делови наместо судијката во шоуто „Американски идол“.

Каскадерот си ставил гради, перика и облекол кожни панталони… само за да изгледа идентично како латино пејачката! Па, пробајте најдете ги разликите!

Тука секако бил и нејзиниот згоден дечко Casper Smart да ја нахрани и да даде поддршка при снимањето!

Напиши коментар