Убавина

Ја пробавте холивудската диета?

Пробајте ја оваа диета ако сакате тело како холивудските диви.

Првиот и вториот ден јадете по парче леб и пијте по една шолја сок од домати на секои четири часа.

Третиот и четвртиот ден појадувајте по едно парче ‘ржан леб со една кафена лажица мед и шолја млеко. Ручајте парче барено месо со една чинија салата. За ужина пијте сок од портокал во кој ќе додадете една жолчка. Вечерајте парче ‘ржан леб со шолја чај кој сте го зачиниле со лажица мед.

Петтиот и шестиот ден за појадок изберете помеѓу две јаболки и два портокали. Ручајте домашна супа, парче барено месо и парче ‘ржан леб. Вечерајте парче барено месо со салата и парче ‘ржан леб.

Седмиот и осмиот ден менито е исто како за првиот и вториот ден.

Деветиот и десеттиот ден се повторува менито од третиот и четвртиот ден.

Единаесетиот ден оброците се исти како во петтиот ден.

По 11-от ден повторете ја диетата, таа ќе биде комплетна по 22-от ден.

Важно е додека ја држите диетата да пиете многу вода, да избегнувате газирани пијалоци и алкохол.

Напиши коментар