Jack Nicholson ја ставил својата куќа во Аспен на продажба. Огромната луксузна вила се продава за 15 милиони долари и во неа има пет спални соби и осум купатила. Факт е дека не може секој да си ја дозволи оваа вила, но тој што ќе ја издвои оваа сума ќе може да ужива во просторот во кој легендарниот актер престојувал со години.
Причината зошто оваа вила се продава толку скапо е бидејќи токму Jack ја продава и тоа, секако, го прави имотот попопуларен. Неодамна на актерот му беше укажана голема чест со тоа што неговата улога во филмот „Лет над кукавичкото гнездо“ беше прогласена за најдобра изведба на сите времиња.
