Здраво тело

Јадете чоколада… за да бидете слаби ?!?

Токму така, луѓето кои редовно јадат чоколада се послаби, покажуваат најновите испитувања.

Резултатите од испитувањето во кое учествувале околу 1000 испитаници, покажува дека оние кои јадат чоколада секој ден, се послаби од оние кои јадат повремено.

Иако чоколадата содржи многу калории, истата содржи состојки кои попрво би помогнале да ослабете, отколку да се здебелите.

Ова не е прво истражување кое ги прикажува позитивните последици  од чоколадата. Научниците веќе потврдија дека чоколадата е добра за срцето, крвниот притисок, инсулинската чувствителност и  нивото на холестерол. Чоколадата, особено црната, содржи антиоксиданси кои помагаат во борбата со слободните радикали.

Сепак, внимателно ! Доколку јадете чоколада умерено, сигурно тоа нема да Ви наштети, но имајте во предвид дека освен добрите состојќи, чоколадата содржи и шеќер и маснотии, кои не се така идеални.

Не откажувајте се од чоколадата, односно јадете ја секојдневно, во умерени количества. Доколку сакате да ослабете, зголемете го внесот на овошје и зеленчук, но сепак уживајте и во најслаткото задоволство што постои .

Напиши коментар