Здраво тело

Јадете манго и бидете здрави и издржливи во сексот

Во светот ова овошје го носи името “крал на овошјето”, а таа титула ја носи сосема заслужено. Богат е со аминокиселини, витамините Ц и Е, флавоноиди, бета каротен, ниацином, калциум, железо, магнезиум и калиум.

Против рак

Мангото содржи состојки кои се активни борци со карциномот на системот за варење. Со околу 165 гр манго вие ќе внесете 76% од дневната потребна количина од витаминот Ц, силен антиоксиданс кој штити од штетните радикали кои предизвикуваат рак.

За здрави очи

Со мангото внесувате голема количина на витамин А, витамин кој го овозможува доброто функционирање на видот. Затоа ако сакате да си го зачувате добриот вид, јадете манго.

Помага за побрз метаболизам

Тој содржи голема количина на ензими и влакна кои го забрзуваат метаболизмот. Регулирајте ја столицата со една порција манго во текот на денот.

За совршена кожа

Ако сакате кожа која ќе изгледа здраво и нема да старее, ставете маска од испасирано манго. Со само 10 мин во денот вашата кожа ќе добие се што и е потребно.

За подобар секс

Витаминот Е, кој го има во голема количина ги регулира хормоните, ја зголемува издржливоста. Мангото се смета за моќен афродизијак.

Корисен за анемија

Тој е богат со железо, затоа особено им се препорачува на трудниците кои се многу поподложни на анемија и на децата во развој.

За подобра меморија

Ако имате проблем со меморијата, заборавете на апчињата и пробајте со мангото. Ќе ја почувствувате разликата за кратко време.

Напиши коментар