Здраво тело

Јадете по бои

Ако не сте сигурни што од она што го јадете е здраво или која намирница за што е добро да ја јадете, обидете се тоа да го сторите по боите. Разнобојните намирници сигурно ќе ви ги пружат потребните витамини и минерали.

Зелена

Зелената храна е богата со магнезиум и калциум, состојки кои се важни за здравјето на коските. Тоа е одлично за оние кои не можат да пијат млеко, а треба во текот на денот да ја внесат потребната количина на калциум. Освен тоа зелениот лиснат зеленчук е богат со железо, па затоа е добро да го консумирате.

Црвена

Црвената боја содржи многу бета-каротен кој е одлична превентива за рак, а исто така содржи и голема количина на витамин Ц. Се препорачува секој ден да се јадат црвени плодови, тие се добри и за системот за варење.

Жолта и портокалова

Исто како и црвените плодови и овие се многу богати со витамин Ц, бета-каротен, и влакна кои се добри за цревата. Овие плодови се добри за зајакнување на имунитетот и за подобрување на расположението. Освен тоа се препорачуваат и за добра линија.

Напиши коментар