Мојата кујна

Јагоди со двоен чоколаден прелив

Направете вкусен десерт за подобро расположение или пак за незаборавна ноќ

Потреби состојки:

–      200 гр чоколада, исецкана

–      100 гр бела чоколада, исецкана

–      20 големи свежи јагоди

–      1 супена лажица маргарин

–      за декорација бадеми, ореви, лешници

Подготовка:

Растопете ги чоколадите во два посебни метални сада, на пареа. Во нив ставете по малку маргарин за да биде посјајно чоколадото. Ставете хартија за печење на еден плех. Најпрво потопете ги јагодите во белата чоколада и ставете ги на хартијата, држејќи ги за рачката. Потоа со лажица правете шари на јагодите со темната чоколада, или пак до половина ставете ги во белата растопена чоколада, така што ќе добиете половина црни половина бели чоколадни јагоди. За декорација може да ги попрскате со мелени бадеми, лежници…

Напиши коментар