Здраво тело

Јајца – афродизијак кој и Казанова го применувал

Сексуалната желба во голема мера зависи и од исхраната. Затоа се смета дека има храна која ја потикнува желбата за секс. За еден од помоќните афродизијаци се сметаат јајцата.Оваа намирница му помагала и на познатиот љубовник Казанова.

Јајцата содржат многу цинк, кој е неопходен за потенција. Освен тоа жолчаката e позната како традиционален афродизијак, кој бил користен уште многу одамна.

Јајцето содржи и две есенцијални аминокиселини кои се важни за производство на норепинефин, кој е исклучително важен за сексуалната желба. Но, нутриционистите советуваат да не претерувате со оваа храна, неделно е доволно да изедете три до четири јајца за да го постигнете ефектот на Казанова.

Напиши коментар