Интересен сладок десерт за оние кои не ја сакаат традиционалната кујна.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3-5 банани
1 голема шолја шеќер
Вода
Рум
Шлаг пена
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во поширока тава ставете го шеќерот и пропржете го додека не добие златно-жолта боја. потоа налејте чаша вода и оставате цврстиот карамел да се стопи. Откако ќе се стопи карамелот додадете пола шолја за кафе рум и варете додека не добиете сос густ како мед.
Бананите исечете ги на пола по должина и спуштете ги во густиот сос, оставете ги околу 1 минута и извадете ги.
Чинијата за сервирање украсете ја со шлаг, ставете ги бананите и прелијте со сосот.
Совет:
Можете да ја искомбинирате декорацијата со сладолед од ванила, прелив од чоколадо …
Уживајте!!!
