ШоуБиз

James Bond има примено 4.662 куршуми?!

Еден остроок фан на James Bond си ја задал задачата да преброи колку пати досега е застрелан агентот 007 или ранет на некој друг начин. Потоа со помош на математичка формула, тој докажува дека не постои никаква статистичка веројатност Bond да е сеуште жив.

Gordon Stanger пресметал дека Bond досега е застрелан дури 4.662 пати и дека е невозможно да преживее толку многу години. Во првиот дел од 1962 година, дури 130 пати се обиделе да го убијат агентот на најразлични можни начини.

Истиот дечко пресметал и дека Bond убил вкупно 198 непријатели. Досега има снимено 22 филмови за агентот 007, а момантално се снима 23-тото продолжение со наслов „Skyfall“.

Напиши коментар