ШоуБиз

James Bond ќе ја отвори Олимпијадата!

Кралицата Elizabeth лично го повикала James Bond да ѝ помогне во церемонијата при отворањето на Летните олимписки игри.

Daniel Craig заедно со кралицата ќе се појави во краток промотивен филм со наслов „The Arrival“ кој ќе биде прикажан на 27-ми Јули на церемонијата на отворањето на Игрите.

Во филмот, тајниот агент пристигнува во Бакингамската палата и таму го информираат дека добива задача да ги отвори Олимписките игри. Bond со хелихоптер пристигнува на стадионот во Stratford, таму се спушта со падобран и така започнува спектаклот.

–          Сакаат да го спојат најпознатиот филсмки лик и најценетата монархија на светот. Ќе биде магично да се гледа тој филм за време на отворањето на Игрите на 27-ми Јули, – изјавил извор близок на продуцентите.

Write A Comment