Само неколку дена поминати во Маракеш ќе ви создадат богата претстава за тоа што нуди Мароко како една од актуелните туристички дестинации. Понесени од мирисот на јасмин, магнолија и рузмарин низ воздухот, ќе загубите претстава за времето „освестувајќи“ се од мароканското сонце што веќе паднало ниско и игривите сенки на кактуси и палми насекаде околу вас.











