Популарната актерка Jennifer Aniston е трудна и планира уште ова лето да стапи во брак со својот дечко Justin Theroux. Ова е тврдење на нејзиното семејство, а го пренесува списанието „Star“.
Свадбата наводно ќе биде организирана во Грција и се очекуваат да бидат присутни многу ѕвезди од шоубизнисот, модата и спортот. На едно место ќе можеме да ги видиме: Adam Sandler, Nicole Kidman, Tom Hanks, Sheryl Crow и многу други.
Најверојатно венчавката ќе се одржи во местото Агиа Марина на островот Крит.
– Си одбраа дури и прстени со своите имиња на нив, – вели Anastasskis, роднина на Aniston.
