Холивудската актерка Jennifer Aniston признава дека е опседната со својата кожа и кога не би била актерка, таа дефинитивно би работела како дерматолог.
– Би сакала да бидам дерматолог, опседната сум со таа идеја. Многу време трошам читајќи информации и книги поврзани со кожата, – изјавила Aniston за таблоидот „Sun“.
Актерката наведува и дека воопшто не се чувствува како да има 43 години, туку има чувство дека е многу помлада од тоа.
– Во својата кожа се чувствувам секси, особено во фармерки, а мојот дечко едноставно го обожава тоа, – ја завршила својата изјава.
