ШоуБиз

Jenny McCartney повторно гола за „Playboy“!

Поранешната девојка на Jim Carey, Jenny McCartney која својата кариера ја започна како зајачица на „Playboy“, повторно ќе се соблече за ова славно списание за мажи. Моделот и актерка Jenny има 40 години, но својот младелашки изглед го одржува со вежбање и ботокс.

–          На сите им кажувам дека користам ботокс, не го кријам тоа, – изјавила актерката во едно интервју.

Прв пат позирала гола во раните 90-ти години на минатиот век, а новата насловна ќе ја исполни во месец јули.

–          Кога сеуште преговаравме за сликањето, сакав да позирам облечена, но се предомислив и позирав гола, – бил коментарот на Jenny за претходното искуство.

Напиши коментар