ШоуБиз

Jessica Alba и Sofia Vergara најдобри другарки :)

Овие две актерки заедно го прославиле мексиканскиот празник Cinco de Mayo, а веднаш потоа го поставиле заедничките слики на Твитер.

Jessica Alba (31) и Sofia Vergara (39) биле заедно на една журка по повод мексиканската победа над француската војска во 1862 година. Убавиците со хиспано-американско потекло пристигнале на прославата носејќи сомбрера и цветови во косите. Друштво им правел заедничкиот пријател и фотограф Mike Rosental.

Како си поминале ќе ни посведочат самите фотки на кои има само насмеани фаци. Штом актерките решиле да ги споделат на друштвените мрежи, тоа значи дека навистина супер си поминале и сакаат на светот да му покажат дека се верни на своите корени.

Напиши коментар