ШоуБиз

Jessica Simpson – гола на насловна!

Пејачката Jessica Simpson ја краси насловната страница од списанието „Elle“ за месец април и замислете… таа е потполно гола!

А можеби ова го прави во чест на Demi Moore која иста ваква фотографија направи во далечката 1991 година за списанието „Vanity Fair.“

Инаку, пејачката треба да се породи оваа пролет, најдоцна до мај. На сликата таа изгледа како да треба да се породи секој момент. Уште поголема вест е тоа што Jessica конечно се одлучила да го сподели полот на бебето со своите фанови.

Се работи за девојче! Се обложувам дека е пресреќна поради тоа. Таа се надева дека нејзината ќерка ќе биде надарена за мода и ќе има уникатен стил, а признава дека уште од првите денови на бременоста имала чувство дека ќе биде девојче.

Напиши коментар