Jessica Simpson најави своја нова модна колекција.
Simpson, која на 1-ви Мај го доби првото дете, ќе лансира нова модна линија која ќе се вика „Jessica Simpson Maternity“.
Оваа модна линија е креирана за модерни мајки кои сакаат да го задржат својот стил и за време на бременоста. Во склоп на колекцијата ќе има фустани, маички, џемпери, јакни и сакоа.
Откако стана мајка, Jessica постојано ја споделува својата возбуденост од мајчинството со своите фанови на Твитер.
– Мајчинството е дефинитивно најдобарата работа која некогаш ми се случила, – напишала Simpson.
Новата колекција за трудници се очекува да пристигне во продавниците дури на есен.