ШоуБиз

Jessica Simpson веќе продава фотки од бебето!

Веќе на сите ни е познато како функционира Холивуд. Штом се роди дете во нечиј познат дом, ѕвездите ги сликаат своите новороденчиња и тие фотки им ги продаваат на списанијата за огромна сума на пари. По сѐ изгледа и Jessica Simpson тргнала по тој пат.

Медиумите пренесуваат дека пејачката, актерка и дизајнерка Simpson наводно ги продава фотките од својата ќерка за 490.000 долари.

–          Парите не ѝ се битни. Работата со гардеробата беше тоа што ѝ донесе цело богатство. Последователно, на неа не ѝ прават разлика ни 100.000, ни 500.000 долари, – изјавил неименуван извор близок до новата мајка.

Останува да видиме кое списание ќе понуди највисока сума.

Напиши коментар