ШоуБиз

Jessie J и Tinie Tempah тајно се гледаат!

Најновите гласини велат дека британската пејачка Jessie J и Tinie Tempah се во врска и дека тајно се состануваат. Пејачката многу често била гледана како оди во домот на раперот и таму поминувала долго време.

Нивната врска започнала откако тие прво добро се запознале и неколку пати излеглувале заедно на забави и настани. Потоа Jessie била и кај него на пријателска база, но работите постепено го смениле текот и сега наводно тие уживаат во љубовта.

На нејзините пријатели им открила дека има таен дечко, но не сакала да го сподели неговото име со никого, освен со најблиските кои се недостапни за медиумите.

Напиши коментар