Здраво тело

Јогуртот е добар и за непцата

Ако редовно консумирате јогурт , тоа ќе придонесе за подобрување на состојбата во вашата уста, веруваат јапонските истражувачи. Д-р Јошихиро Шимазаки и неговите колеги се јасни по прашањето дека јогуртот и другите производи кои содржат млечна киселина, влијаат за добра здравствена состојба и не се вклучени во проблемите кои се случуваат како што е случај со некоја храна. Биле извршени две студии. Во текот на првата откриле дека од периодонтитис (воспаление) страдаат помалку од луѓето кои редовно конзумираат млечни производи. Но, сеште не е сигурно да се објасни зошто е тоа така. Во текот на второто истражување специјалистите го споредуваат степенот на развој на периоденталот кај мажи и жени со одстоени млечни производи во споредба со оние кои уживаат во добра здравствена состојба. Ова им овозможи на научниците категорично да се договорат дека јогуртните производи се корисни за непцата. Нивниот лековит ефект врз периоденталните ткива се објаснува со ефектот на лактобацилата. Се потсетува дека пробиотиците се живите организми во млеко, кои позитивно влијание врз здравјето на луѓето.

Освен тоа  што јогуртот ви обезбедува здрави непца, тој е идеален за обнова на слузокожата на желудникот и цревата. Се препорачува на сите оние кои имаат проблем со варење на храната, со тврда столица, на сите оние кои пијат антибиотици, на оние кои сакаат да ги намалат вишокот на килограми. Неколку истражувања до сега го потврдија тоа, луѓето кои секојдневно пијат јогурт во текот на месецот ќе ослабат еден килограм без разлика што јадат нормално како и секогаш.

Напиши коментар