ШоуБиз

John Travolta облечен како жена!

По тврдењата на неколку масери дека познатиот актер ги „допирал“ и барал посебни услуги од нив, сега John Travolta ќе треба дополнително да објасни од каде се овие фотки.

Во последно време Travolta е на постојана мета на новинарите, а последната капка ја прели чашата. Објавена е фотографија од 1997 година, на која актерот е облечен како жена. Со фустан, руса перика, накит и светол кармин…

Таблоидот во кој се нашла фотката тврди дека не се работи за некоја улога на актерот, туку дека фотката е направена на една приватна забава. Истиот таблоид пишува дека сопругата на Travolta веќе се иселила од заедничката куќа бидејќи повеќе не можела да ги поднесе скандалите поврзани со нејзиниот сопруг.

Актерот засега нема дадено коментар за последниот трач, а неговиот адвокатски тим наводно ги платил масерите за да ги чуваат устите затворени.

Напиши коментар