ШоуБиз

John Travolta обвинет за сексуален напад!

Американскиот актер John Travolta е обвинет за сексуален напад. Го обвинил неговиот масер кој вели дека актерот му го допрел половиот орган.

Travolta наводно го најмил масерот преку интернет и закажал третман кој чини 200 долари за еден саат. Масерот тврди дека на почетокот не знаел оти клиент ќе му биде славниот актер. Откако се сретнале, тргнале кон хотелот „Beverly Hills“. Масерот вели дека актерот имал ерекција и допирајќи го него за интимните делови му понудил и тој да му даде масажа за возврат. Според зборовите на масерот, актерот објаснил дека својот успех го постигнал давајќи хомосексусални услуги.

Масерот бара два милиони долари оштета. Откако ја одбил понудата на актерот, овој наводно му платил двојно, го нарекол губитник и му рекол да си оди.

Од тимот на Travolta велат дека ништо од тоа не е вистина и дека актерот во тоа време бил 2.000 километри подалеку од наводното место на настанот. Масерот ќе биде тужен за клевета.

Напиши коментар