Johnny Depp доби и официјално признание за најдобро облечен маж на планетава и тоа од Здружението на американски модни дизајнери (CFDA).
Иако актерот е познат по својот екцентричен стил на облекување, тој е првиот маж кој ја добил оваа награда. Минатата година за модна икона со оригинален стил беше прогласена контраверзната Lady Gaga.
– На официјални приеми, премиери или на било кое друго појавување во јавност, Johnny секогаш изгледа како штотуку да слегол од модна писта, – било образложението на Здружението по донесувањето на финалната одлука.
Свеченото доделување на наградата ќе се одржи на 4-ти Јуни во Њујорк.

