ШоуБиз

Johnny Depp почестен член на индијанско племе!

Актерот Johnny Depp, кој во филмот „The Lone Ranger“ ја игра улогата на индијанецот Tonto, станал почестен член на племето Команчи.

Приватната церемонија е одржана на 16-ти Мај во Ново Мексико, во домот на LaDonna Harris, претседател и основач на организацијата „Americans for Indian Opportunity“.

–          Читав за него и за неговото домородечко наследство, па се запрашав зошто да не го „посвоиме“, – изјавила Harris.

–          Сега Depp е почестен член на моето семејство, односно мој син.

Актерот кој по потекло e од Кентаки, своевремено има изјавено дека неговата прапрабаба е делумно Индијанка и дека потекнува од племето Чероки или Кирк.

Инаку, филмот „The Lone Ranger“ доаѓа во кината дури следната година.

Напиши коментар