Никој не е сигурен како познатиот актер ќе ја негира најновата вест која деновиве се прошири за него…
Холивудскиот заводник Johnny Depp од секогаш ги полнел таблоидите, а во последно време вестите изобилуваат со детаљи од неговата долгогодишна врска со Vanessa Paradi. Дали тие двајца сеуште се заедно и живеат заедно не се знае, но едно е сигурно, а тоа е дека неодамна актерот бил виден како оди во тајна посета на една млада актерка.
Johnny бил забележан како излегува од зградата на актерката Ashley Olsen која е цели 23 години помлада од него.
– Кога излегуваше од зградата, се потруди никој да не го забележи. Актерот и младата Olsen беа многу тивки во станот, а следното утро Johnny рано ја напушти зградата, – изјавил очевидец.
