Керозин

Joss JP1

Joss JP1 е концептуален автомобил на австралиската компанија за автомобили Joss Development, кој се очекува да се појави на пазарот оваа година. Еволуцијата на овој автомобил е долго време во изработка, односно неговиот прв прототип дебитираше пред седум години во Мелбурн.

“Имаше неверојатна заинтересираност за нашиот JT1 прототип во Мелбурн (во 2004 година), но пуштањето на автомобилот на производната лента е многу комплексно”, објаснува техничкиот директор на JOSS Developments, Мет Томас.

Во текот на изминатите неколку години, компанијата продолжи да работи на сите аспекти, вклучувајќи и инвестиции, соработка со технички добавувачи и вклучување на вистинската група на луѓе кои ќе се погрижат за успехот на автомобилот, кога официјално би се лансирал.

Изгледа дека тоа време брзо се приближува и JOSS Developments се подготвува да го донесе на светот првиот супер-автомобил со потекло од Австралија.

Напиши коментар