Prison brake

Јованка Орлеанка – жена со голема моќ

Жени кои историјата ќе ги памети

2. Јованка Орлеанка (1412-1431 година)

Потекнува од многу сиромашно селско семејство. Родителите ги изгуби во текот на англиското освојување. Како млада девојка беше пастирка и никогаш не научи да чита и пишува. Секој ден, бараше од нејзиниот старател да ја носи во црква за да се исповеда. Имаше 13 година кога за прв пат го слушнала небесниот глас кој и рекол да се моли, бидејќи во тој момент започнува нејзината божија мисија. Со 17 години успеа на Франција да и донесе победа над многубројната британската армија и покрај бројните повреди кои ги добила во битката. Историчарите се согласуваат дека беше еден од водечките стратези и команданти на француската армија. Прогласена е за лажен пророк, волшебник, вештерка и еретик. Изгорена е на клада во 1430 година, а денес е национална хероина на Франција.

Напиши коментар