Актерот Jude Law не може да поднесе неуредни нокти, а особено не своите!
Британецот тврди дека кога ноктите му се нечисти и неуредни многу се нервира, па затоа редовно оди на маникир.
– Опседнат сум со средување на ноктите. Кога го играв гусарот во претставата „Anna Christie“, морав да ставам црна шминка под ноктите, а потоа ми требаа два месеци да ги исчистам и доведам во нормала. Можете ли да го замислите тој хорор, – открива актерот.
Jude додава дека и на неговите деца им ги сече ноктите. Според него, и мажите треба да се трудат да изгледаат средено.
– Мажите не треба премногу да се дотеруваат. Јас сакам да бидам среден за јавните случувања, но понекогаш се гледа дека не сум поминал доволно време пред огледалото, – заклучува Law.