Julia Roberts изјавила во интервјуто за списанието Vanity Fair дека нејзините деца не знаат оти таа е славна. Актерката е мајка на три деца, кои ги добила од бракот со Daniel Moder. Julia и Daniel се запознале во 2002 година за време на снимањето на филмот „Мексиканецот“. Шармантниот камерман ја завел актерката и од тогаш уживаат во семејниот живот.
– Еден ден се шетав со децата и еден од случајните минувачи ме препозна па рече: „Ене ја Julia Roberts“. Мојот син Finn рече само дека неговата мајка е Julia Roberts и тоа многу ми се допадна.
Освен 7-годишните близнаци Finn и Hazel, Roberts е мајка и на 4-годишниот Henry Daniel.
