Дестинации

Jumeirah beach hotel, Дубаи – хотелот кој Ви е потребен ова лето…

На човечките потреби им нема крај… Не постои точка на задоволување, особено кога е во прашање огромната понуда… Сепак, постои нешто што се издвојува од останатото. Кога се во прашање дестинациите, ја имаме вистинската, која ќе ги исполни сите Ваши очекувања и потреби…

Станува збор за Jumeirah beach hotel, преубавиот хотел кој се наоѓа на песочна плажа. Оддалечен е 25 километри од Интернационалниот аеродром во Дубаи и е само 20 минути возење до центарот на градот.

На површина од 33.800 метри квадратни, со вкупно 598 луксузно опремени и климатизирани соби со телевизор, безжичен интернет, телефон со говорна пошта, современи апарати за чај и кафе… Да не зборуваме за софистицираната услуга и понудата која вклучува повеќе ресторани со интернационална кујна. Тука е и посебниот базен за деца, со строго контролирана температура на вода. Децата од 4 до 12 години можат да поминат повеќе време во „ Клубот на пиратите “, кој нуди активности како: барање богатство, играње на плажа, цртање, правење замоци. Кога е во прашање одржувањето на физичката форма, фитнес центарот Армонија, Ви нуди комплетно мени од професионални фитнес инструктори и теретани…

Овој хотел има сé што ќе посакате… Доколку размислувате за луксузен и софистициран годишен одмор, ова е вистинското решение …

Напиши коментар