ШоуБиз

Justin Bieber конечно заврши средно! :)

Тинејџерската ѕвезда Justin Bieber може во потполност да се опушти и сконцентира на својата кариера, бидејќи конечно заврши средно образование.

Редно е да му честитаме за дипломата од средно која успеа да ја добие иако скоро за време на целото школување патуваше по светот и досега успеа да собере над 21 милион фанови само на Твитер. За овој успех најзаслужна е неговата мајка, која инсистирала на тоа Justin да заврши средно образование.

Пејачот постојано со себе има и приватен учител додека патува. Тој го подучува на многу работи додека Justin нема настапи, па овој начин на учење му го олеснува градењето на кариерата.

–          Го положив и последниот тест и сега сум слободен! Беше тешко да се учи секој ден, – изјавил пејачот.

–          Мојот начин на живот ми овозможи сосема поинаков поглед кон животот. Јас не се пронаоѓам во секојдневното одење на училиште, повеќе сакам да сум надвор, да бидам активен, – додал Justin, чиј трет студиски албум ќе биде објавен во јуни.

Напиши коментар