ШоуБиз

Justin Bieber напишал песна за лажното татковство!

Откако Mariah Yeater неодамна тврдеше дека носи бебе од Justin Bieber, што потоа се покажа како неточна информација, младиот пејач одлучил да ѝ посвети песна.

–          Напишав песна за неа. Таа зборуваше дека родила мое дете. Имам неколку песни кои зборуваат за тоа како јас се чувствував кога таа информација се појави во јавност и додека сето тоа траеше, – изјавил 18-годишниот пејач.

Justin додава и дека оваа песна ќе се најде на неговиот иден албум со наслов „Believe“ кој треба да излезе во продажба на 19-ти Јуни. Инаку, Mariah подоцна признала дека татко на нејзиното дете е поранешниот дечко.

Write A Comment