Можеби Justin Timberlake е навистина свршен со Jessica Biel, но тоа не го спречува да излегува со други жени и тоа повеќе пати.
Минатиот ноември, пејачот ѝ беше придружба на Kelsey de Santis, припадничка на американските маринци, по повод Балот на маринците кој се одржува секоја година.
De Santis го наговорила музичарот да појде со неа така што снимила видео порака за него и ја поставила на YouTube. Овој пат, пејачот одлучил по втор пар да се дружи со неа, па ја одвел на доделувањето на награди на една телевизија.
Очигледно, Timberlake уживал во вечерта, како и првиот пат кога Kelsey изјавила дека пејачот е нејзин личен херој.
