Justin Timberlake не бил отсекогаш она што важи во модниот свет денес и тој не се срами да признае.
– Имаше моменти кога бев тинејџер и кога се обидував да припаѓам на толпата, се трудев да се приспособам на друштвото и на крај изгледав како морон. Сите ние сме марионети на тие години, – вели актерот.
Иако ја има носено косата на неколку различни начини, тој признава дека омилена фризура му е избричана глава.
– Првиот пат е страшно, бидејќи не знаеш што имаш под косата. Но, избричана глава е дефинитивно најлесно да се носи и одржува.