ШоуБиз

Justin Timberlake задолжен за филмска музика!

Последниве неколку години, некогашната тинејџерска ѕвезда Justin Timberlake ѝ се посвети на актерката кариера. И додека неговите фанови го молат да ги почести со барем еден музички сингл, тој снима филм по филм и успешно чекори по патеката на филмската индустрија.

Како и да е, на огромно задоволство на неговите обожаватели, тој не ја заборави и неговата прва љубов – музиката.

Имено, тој ќе биде задолжен за саундтракот на филмот „The Devil and the Deep Blue Sea“. Justin за прв пат ќе се обиде како композитор на музика за филм, кој инаку ќе биде режиран од Bill Purple. Главните улоги во филмот ги играат Chloe Moretz и девојката на Timberlake, Jessica Biel.

Овој филм започнува да се снима на есен.

Напиши коментар