Дестинации

Júzcar – Штрумфастичното село

Автентичноста на ова место започнува пред стотина години, кога малите куќички во шпанската провинција Андалузија беа премачкани со вар. Ништо специфично не го карактеризираше ова место, а сето тоа резултираше со мала посетеност од страна на туристи.

Меѓутоа,  во пролетта, 2011 година ова село се воздигна во шоу бизнисот.  Директорите на Sony Pictures беа во потрага по еден од белите градови, близу Малага и имаа голем предизвик да го обојат во сино. Селаните, иако скептични, дозволија промена од ваков тип, а продукцијата сето ова го искористи за промоција на „ Штрумфовите“. Покрај публицитетот, интересната архитектура и бебешко сината боја…несомнено беше дека на ова мало селце „ ќе му тргне“.

Шареното барање на Sony Pictures беше проследено со договор кој гарантира враќање на автентичната боја на куќите по неколку години. Во меѓувреме…туристичково место умее да влече туристи со неговата харизма…

Напиши коментар