ШоуБиз

Качер во кревет со Алесандра Амброзио?!

Aктерот Ештон Качер и манекенката Алесандра Амброзио се нашле во ист кревет. Но, не! Не е она на што веднаш помисливте!
Имено, славниот актер снимал рекламна кампања за модната куќа „Colcci“ заедно со бремената манекенка и воедно една од најпосакуваните жени на светот.

На сликата и двајцата лежат прегрнати во кревет, а се облечени во најновата колекција на модниот бренд за сезоната есен/зима 2012 година. Ова не е прв пат Ештон и Алесандра да соработуваат за овој бразилски бренд. Прв пат заедно прошетале минатиот март, на пролетната ревија за именуваниот бренд. Од тогаш, имаат снимено неколку секси и провокативни едиторијали.

На сликата се гледа дека и двајцата максимално уживале во снимањето.

Напиши коментар