ШоуБиз

Качер забележан со непозната русокоса!

Холивудскиот актер Ештон Качер, чиј неуспешен брак со Деми Мур долго време ги полнеше насловните страни на медиумите, ги бодрел кошаркарите на „Лејкерси“ од првиот ред во натпреварот против „Портланд Трејлблејзерс“. Според странските таблоиди, друштво му правела некоја непозната девојка.

Ештон Качер бил одлично расположен во друштво на некоја русокоса, со која цело време разменувал коментари и весело се смешкал.

Бил облечен во сиво сако, носел капче со знакот на „Лејкерси“, како и чорапи со бојата на својот омилен тим. Фотографиите од натпреварот веднаш ги ставил на Твитер, но за жал, не го открил идентитетот на „мистериозната“ русокоса…

Ова е сликата од неговата нога 🙂

Напиши коментар