Убавина

Каде да нанесете парфем за подолго да трае?

Многу од жените се чудат каде е најдоброто место да го нанесат парфемот, па затоа екипа во Шпанија решила да даде одговор на ова прашање. Можеби на вратот или зглобовите од рацете? Секој си има свои трикови, но со неколку професионални совети ќе добиете многу повеќе од вашиот омилен парфем.

Се препорачува парфемот да се нанесува на оние места каде што го чувствувате пулсот. Тоа не значи само вратот и рачните зглобови од внатрешна страна, но и зад ушите, клучната коска и зад колената. Во овие делови од телото температурата е повисока и парфемот се испарува побавно.

Ако користите лесна тоалетна вода на пример, можете да ја испрскате и косата, но не и со парфем, кој е премногу агресивен за косата. Друг трик е да прснете обилна доза од парфемот во воздухот пред вас или малку над главата и веднаш потоа направете чекор напред. Така ароматот ќе ве прегрне како облак.

Напиши коментар