ШоуБиз

Каде ДиКаприо го носи „ангелот“ на забава? :)

Според она што последно се случува во животот на Леонардо ДиКаприо, многумина шпекулираат дека тој конечно го нашол она што го барал од една жена во топ моделот Ерин Хидертон. Тие двајца сè почесто се заедно, а овој пат се забележани како уживаат во убавините на Мексико.

Биле сликани како прават најразлични луди активности, а една од нив е и возењето по жица над мексиканската пустина. И двајцата се чинеле опуштени и сигурни во тоа што го прават, иако овој спорт и не е така безопасен.

Во друштво на прекрасната двојка била и мајката на Лео и неколку други пријатели, кои на драго срце позирале за фоторепортерите. Ерин дури и се запознала со мајката на Лео за божиќните празници, па иако со Лео се само неколку недели, нивната врска веќе станува прилично сериозна.

Напиши коментар