ШоуБиз

Каде е онаа гламурозна убавица?!

Пред да тргнеме на работа наутро, сите ние се мачиме која комбинација да ја извадиме од плакарот, а верувајте со тие слатки маки се борат и познатите личности кои со стилистите се дружат само кога станува збор за нивните појави на црвениот тепих.

Една од ние е и Џесика Алба, која е голем љубител на фармерки. Иако се чини дека со тоа парче се сложува буквално секој вид на облека, Алба сепак, направила почетничка грешка. Таа ја искомбинирала сината кошула со бели точки со џемперче на пруги, што е непростлива модна грешка.

И што е полошо, оваа катастрофална комбинација, Џесика ја зачинила со нерасположена, утринска фаца.

Напиши коментар