ШоуБиз

Каде исчезна мајката на Мајкл Џексон?

 

Семејството најпрво пријавило во полиција дека исчезнала Кетрин Џексон, 82, но нешто подоцна дознале дека таа е во едно одмаралиште во Аризона.

Од семејството последен пат ја виделе пред недела дена, а од тогаш ни трага ни глас од неа. Tаа на никого не му се јавила и се решила да замине. Семејството било загрижено, па случајот го пријавиле во полиција. Но, пред да добијат било каква информација од полицијата, Џереми, личниот лекар на Кетрин јавил дека ја испратил на одмор заради нејзината психичка состојба.

Кетрин е назначена како старател на децата на Мајкл. И тие се загрижиле заради нејзиното исчезнување, па на своите профили на Твитер побарале помош од своите фанови да им помогнат за да ја пронајдат.

Американските медиуми пишуваат дека ова е само трик на семејството Џексон. Тие ова патување го искористиле за да ја прогласат Кетрин за стара и сенилна, па полесно да се дофатат до големото богатсво кое Мајкл го остави зад себе.

 

Напиши коментар