Дестинации

Каде се најскапите хотели во светот?

Рио де Жанеиро го презеде првото место на Сиднеј како град со најскапи хотели во светот,покажале новите истражувања.

Просечната цена на ноќевање во најпопуларната бразилска дестинација во текот на првите пет месеци во 2012 била 240 евра што е 50 посто поскапо во однос на цената од минатата година.

Сајтот HRS кој се занимава со резервација на хотели спроведе истражување и наоѓа дека причината за ова драстично покачување на цената е престојното ФИФА светско првенство кое треба да се одржи во 2014 година.

Исто така, Рио треба да биде домаќин на Олимписките игри 2016.

Цената на сместување скокна и во остатокот од светот.Во Лондон е забележано поскапување за 4,33 посто,па сега во хотел може да престојувате по цена од 124 евра во просек.

Во Мајами треба да издвоите една четвртина повеќе пари од она што требаше пред неколку години (122 евра) и околу една петина повеќе во Мексико Сити (100 евра).

Москва останува најскапа во Европа, па за ноќевање во главниот град на Русија треба да издвоите 150 евра.На второ место на Стариот континет  е Цирих каде што сместување се плаќа во просек 145 евра.

Најефтина дестинација се Банкок,Прага и Пекинг, каде што хотелите чинат во просек 60 евра од ноќ.

За сличен износ(65евра) може да се сместите во Бидимпешта,додека во Виена треба да издвоите во просек околу 93 евра.

Цените паднале во неколку европски градови, вклучувајќи ги Атина,Осло и Лисабон.

Хотелските соби се поефтини во Буено Аирес и Мумбаи, споредено со мината година

 

Напиши коментар