Доколку имате дамки на лицето или пак дланките обидете се да се ослободите од нив со помош на оризот. Потребно ви е половина шолја варен ориз и две лажици свежо исцеден сок од лимон. Убаво исмешајте ги состојките и нанесете ги на лицето и рацете. Масирајте се со овој пилинг. Измијте се со млака вода, а резултатите ќе бидат веднаш воочливи.
За убави усни, кои визуелно ќе изгледаат поголеми потребни ви се половина лажица хидрантен лосион, ¼ лажица мелено кафе и ¼ лажица сол. Измешајте ги состојките и со смесата убаво истријте ги усните. Правете го тоа неколку минути. На крајот избришете ги усните со намокрена крпа.
