Кафето какаото и чајот имаат големо влијание на нашата кожа и тоа и внатрешно и надворешно. Сите тие имаат специфична комбинација на полезни материи кои учествуваат во борбата со брчките, целулитот и еластичноста на кожата. Затоа се повеќе козметичките компании почнаа да создаваат производи кои кои ги содржат нивните екстракти.
Кафето – Нашиот омилен пијалок содржи многу козметички активни компоненти. Кремовите за тело кои содржат кофеин се користат за борба со целулитот. Исто така кофеинот го подобрува и тенот, зошто го активира крвниот проток. Помага за намалување на отоци и црните кругови под очите. Чашка кафе секој ден го отстранува заморот од клетките и ги прави посвежи.
Чајот – Зелениот чај е хит средство за борбата со стареењето на кожата, без разлика дали е во чаша, кутија со крем, или како дел од некоја домашна маска. Големата концентрација на флавоноиди од црниот чај ја штитат кожата од слободните радикали кои ја забрзуваат појавата на брчки. Ако имате сува кожа, користете козметички производи кои содржат бел чај. Тој го стимулира производството на липиди и така ја штити кожата од сушење.
Полифенолите кои ги среќаваме во какаото се борат мошне успешно со слободните радикали и го стимулираат производството на колаген и еластин – влакна кои ја одржуваат кожата стегната и млада. А исто така во чоколадата се содржи една новооткриена супстанција, која го стимулира образувањето на кожни клетки, ја подтикнува регенарацијата и на тој начин предпазува од појава на брчки.