Многу се зборува за штетните влијанија на кафето, меѓутоа последните истражувања ги демантираа тие „гласини“.
Затоа опуштете се и уживајте во неодоливиот вкус на кафето…
Се сеќавате ли кога последен пат некој лекар ги има изговорено зборовите: „ Чудо “ ! ? Ако не- мириснете кафе…„ Ова е неверојатно “, се зборовите на Сањив Чопра, лекар специјалист, професор по Медицина на Харвард. Истиот потенцира уште поважно нешто: „ Кафето е чудотворно и го спасува животот “.
Иако кажува дека сеуште е научна мистерија како само една шолја кафе може да направи чудо за човечкото тело, сепак големите епидемиолошки истражувања покажуваат извонредни предности на кафето.
Поновите истражувања покажуваат дека :
Повеќе од три шолји кафе дневно, го намалуваат ризикот за најчестиот облик на рак на кожа кај жената, до 20 %.
Повеќе од шест шолји кафе дневно, го намалуваат ризикот за ракот на простатата до 60 %.
Една шолја кафе кај жената, го намалува ризикот од срцев удар до 25%.
Најмалку две шолји кафе дневно, кај жената ги намалуваат шансите за депресија до 20%.