Дестинации

Kailash, Ellora – прецизната рака на древноста …

Овој некогашен храм, кој се наоѓа во Индија, е комплекс кој се протега на површина од два километри. Она што е навистина интересно во врска со него, е неговата чудна градба, која упатува на тоа дека луѓето кои го граделе, всушност, го започнувале од горниот дел, па се спуштале кон основата.

После многу години, археолозите го откриле ова брилијантно место, кое денес е една од најпосетуваните дестинации во Индија. Се претпоставува дека за да биде изграден овој храм, биле отстранети двеста илјади тони карпа. Овој храм, е посветен на Шива и гордо ги пречекува сите туристи кои од целиот свет доаѓаат да ги видат извонредните резби.

И како прекрасна дестинација и како најголемиот монолитен храм во светот кој сведочи за еден древен свет…

Напиши коментар