Потребни состојки:
– 50 гр ситно исецкана пршута
– 12 свежи јајца
– кашкавал
– малку сол
– бибер
– масло
Подготовка:
Најпрво на загреаното масло кратко пропржете ја пршутата. Потоа ставете ги јајцата и зачините. Мешајте непрекинато и пржете три минути.
Лебчињата поставете ги на чинија, а одозгора ставете од јајцата. Додека кајганата е топла ставете по едно тенко праче кашкавал одозгора за да се растопи.
Ова е идеален појадок кој ќе ве обезбеди со многу енергија.
